• петок, 05 декември 2025

Георгиевски: Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изградиме нова спортска сала

Георгиевски: Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изградиме нова спортска сала

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски денеска најави дека во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изгради нова спортска сала.

Георгиевски истакан дека во изминативе години, вложил значајни ресурси за развој на спортската инфраструктура.

-Со јасна цел, да создадеме современи услови за активно и здраво живеење на граѓаните, а особено, на младите генерации. Во наредниот мандат продолжуваме со исполнување на таа цел. Токму на ова место во основното училиште „Браќа Миладиновци“, ќе изградиме нова спортска сала. Со што, ќе обезбедиме современ и функционален простор, за физичко образование, спортски активности и рекреација на учениците, рече тој.

Потенцира дека овој објект ќе ја подобри спортската инфраструктура во училиштето, ќе овозможи организирање на повеќе спортски настани и ќе придонесе за здрав и активен начин на живот кај младите.

Георгиевски најави и дека постоечката спортска сала ќе ја пренамени во нови училници, со што освен во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, ќе се воведе едносменско работење и во ова училиште. фф/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан