• недела, 22 декември 2024

Генчовска: Реакцијата во Северна Македонија е загрижувачка

Генчовска: Реакцијата во Северна Македонија е загрижувачка
Софија, 6 јули 2022 (МИА) - Реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава. - Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија. Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание. - Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент, додаде Генчовска. нк/сп/

Остани поврзан