• понеделник, 01 јули 2024

Генерал Ибрахим: Блиску сме до остварување на воената мисија на северот од Појасот Газа

Генерал Ибрахим: Блиску сме до остварување на воената мисија на северот од Појасот  Газа

Ерусалим, 4 декември 2023 (МИА) - Командантот на израелскиот оклопен корпус, бригадниот генерал Хишам Ибрахим, денеска соопшти дека неговите борци заедно со другите припадници на копнените сили се блиску до извршување на својата воена мисија во северниот дел на Газа. 

-Целите во северниот дел на Газа се речиси постигнати. Ние ги продолжуваме копнените операции во другите делови на Појасот Газа со една цел: уништување на терористичката група Хамас, изјави генерал Ибрахим за израелското воено радио, пренесуваат британските медиуми.

Генералот нагласи дека во четвртата недела од израелските воени операции се постигнати значајни воени цели. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан