• петок, 22 ноември 2024

Генерал-потполковник Ѓурчиновски во официјална посета на Турција

Генерал-потполковник Ѓурчиновски во официјална посета на Турција

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска ќе претстојува во неколкудневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.

За време на посетата во генералаштабот на Турските ВС и министерството за одбрана во Анкара, генералот Ѓурчиновски е предвидено да оствари средби со началникот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. 

Како што стои во соопштението на Генералштаб, во текот на престојот во Турција, делегацијата на Армијата ќе посети команди и единици на турските ВС, меѓу кои и командата за специјални операции на Турските ВС, каде помеѓу останатото ќе бидат разгледани капацитетите за обука  на специјалните единици. 

Одбранбената соработка со ВС на Република Турција како наш стратешки партнер се одвива во повеќе полиња, при што посебно е изразена во: обуката, военото образование, заедничко учество во мировни мисии и операции, опремување и друго, стои во соопштението. нд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан