• понеделник, 23 декември 2024

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразност од Ковид-19

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразност од Ковид-19
Гевгелија,12 јули 2022 (МИА) - Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последните две недели Гевгелија се вбројува меѓу четирите градови во кои се бележи највисока инциденца на заразност од Ковид-19 во таканаречениот петти бран од пандемијата. Информацијата денеска ја потврдија и од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, од каде соопштија дека во последните неколку денови се позитивни дури половината од тестовите што се прават кај нив на дневно ниво. Сериозноста на новонастанатата состојба придонесе Општата болница во Гевгелија да упати апел до граѓаните кои чувствуваат симптоми на Ковид-19 најпрво да се јават кај матичните лекари кои во зависност од клиничката слика ќе им препорачаат специјалистички преглед или амбулантно згрижување. Од вчера во вакционалниот пункт во Гевгелија почна вакцинацијата со четврта доза против Ковид-19, која им се препорачува на лицата над 60 годишна возраст и оние со коморбидитет кои можат да ја примат после поминати четири месеци од приемот на бустер дозата или по прележан ковид. им/цр

Остани поврзан