• недела, 22 декември 2024

Гвардиола, Инзаги и Спалети финалисти за наградата на ФИФА за најдобар тренер на годината

Гвардиола, Инзаги и Спалети финалисти за наградата на ФИФА за најдобар тренер на годината

Цирих, 13 декември 2023 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) на својата официјална веб-страница објави листа на кандидати кои се борат за титулата најдобар тренер во 2023 година.

Во најтесен избор влегоа: Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Симоне Инзаги (Интер) и Лучијано Спалети (до летото 2023 година на чело на Наполи, сега италијанската репрезентација).

Пет фудбалски стручњаци првично беа номинирани за наградата најдобар тренер на ФИФА, избрани од стручна комисија. Од оваа листа, меѓународното жири, во кое беа тренери на националните тимови, капитени на националните тимови, фудбалски новинари и навивачи кои гласаа на официјалната веб-страница на ФИФА, избра тројца финалисти.

Победникот ќе биде објавен на „The Best FIFA Football Awards“ на 15 јануари. 

Оваа награда му доделува признание на најистакнатите тренери на машки тим помеѓу 19 декември 2022 година и 20 август 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан