• недела, 14 јули 2024

Гвардиола, Артета, Анчелоти, Чави и Скалони во потесниот избор за наградата тренер на годината од Глоуб Сокер

Гвардиола, Артета, Анчелоти, Чави и Скалони во потесниот избор за наградата тренер на годината од Глоуб Сокер

Лондон, 12 декември 2023 (МИА) - Објавени се имињата на номинираните за наградата најдобар тренер на годината во изборот на „Globe Soccer Awards“.

Организаторите на наградата ја објавија конечната листа на кандидати за наградата најдобар тренер за 2023 година.

За наградата номинирани се: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Микел Артета (Арсенал), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Симоне Инзаги (Интер), Марсел Колер (Ал-Ахли Каиро), Лионел Скалони (репрезентација на Аргентина), Лучијано Спалети (Наполи, репрезентација на Италија) и Чави (Барселона).

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 19 јануари во Дубаи. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан