• петок, 05 декември 2025

Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност

Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност

Скопје, 23 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време.

-Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, порачува претседателот на Собранието.

Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество.

-Само преку соработка и инклузивност можеме да изградиме посилни институции и поправедна и поинклузивна држава.По тој повод, посакувам овој ден да ни биде повик за единство, граѓанска посветеност и заедничка заложба за иднината на нашата земја. Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, стои во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши. дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан