• четврток, 04 декември 2025

Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки. 

- Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки, стои во информацијата од Кабинетот на претседателот.

Оттаму изразуваат благодарност до директорот на Клиниката и до целиот медицински тим за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан