• петок, 22 ноември 2024

Гауф нема да игра на Олимписките игри поради коронавирус

Гауф нема да игра на Олимписките игри поради коронавирус
Вашингтон, 19 јули 2021 (МИА) – Американската тенисерка Кори Гауф објави дека нема да игра на Олимписките игри во Токио поради позитивниот тест на коронавирус. - Отсекогаш сонував да играм за САД на Олимписките игри и се надевам дека ќе имам уште многу можности да го остварам овој сон, напиша Гауф на Твитер. Седумнаесет годишната Американка требаше да стане најмладиот учесник на олимпискиот тениски турнир, што ќе се одржи од 24 јули до 1 август. зс/

Остани поврзан