• петок, 17 мај 2024

Гауф за прв пат ја победи Швјонтек и се пласира во финалето на турнирот во Синсинати

Гауф за прв пат ја победи Швјонтек и се пласира во финалето на турнирот во Синсинати

Синсинати, 20 август 2023 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гауф ја победи Полјачката Ига Швјонтек во вчерашното полуфиналето на ВТА 1000 турнирот во Синсинати со 7:6 (7:2), 3:6 и 6:4. Девојките на теренот поминаа 2 часа и 52 минути. 

 

Деветнаесетгодишната Американка ја победи Швјонтек за прв пат во кариерата и намали на 1:7 во меѓусебните средби.

 

Во финалето на турнирот Гауф ќе игра со Каролина Мухова од Чешка. Мечот е закажан за вечер со почеток во 19:30 часот.

 

Награден фонд на Мастерсот во Синсинати изнесува 2,8милиони долари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан