• четврток, 20 февруари 2025

Гасперини: Аталанта заслужи да испадне од Лигата на шампионите

Гасперини: Аталанта заслужи да испадне од Лигата на шампионите

Бергамо, 19 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини го призна поразот од Бриж (1:3) во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите.

- Заслуживме да испаднеме, да му оддадеме признание на Бриж. Тоа беа два чудни натпревари. Лигата на шампионите е турнир од епизоди. Денеска примивме рано гол и нашиот противник целосно ја искористи ситуацијата. 0:3 на полувремето - беше неправедно. Требаше да биде 2:1. Имаше многу различни неочекувани ситуации. Имавме многу шанси во 180-те минути, особено во вторите полувремиња. Промашениот пенал го намали нашиот ентузијазам. Од спортска гледна точка, бевме добри и се движевме динамично, изјави Гасперини.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок на 21 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан