• недела, 22 декември 2024

Гаспар: Лекот „Трикафта“ е стигнат во земјава

Гаспар: Лекот „Трикафта“ е стигнат во земјава

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Лекот „Трикафта“ е стигнат во државава, потврди за МИА претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Тој посочи дека лекот пристигнал во земјава во понеделникот, но дека се уште не дистрибуиран до клиниката, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури.

- Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување, едно, друго... Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника, нагласи Гаспар.

Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изјави дека денеска имале средба министерот за здравство Фатмир Меџити н разговарале за идните активности.

- Разговаравме за многу работи, за плановите што ги има за понатаму. Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега, додаде Гаспар.

МИА побара и потврда за информацијата од Министерството за здравство, но до објавување на текстот, не добивме одговор. бд/сп/

ФОТО: МИА

Остани поврзан