• понеделник, 23 декември 2024

Гарднер го повика Бајден да ги отпушти амбасадорите назначени од Трамп

Гарднер го повика Бајден да ги отпушти амбасадорите назначени од Трамп
Вашингтон, 22 декември 2020 (МИА) - Ентони Гарднер, поранешен американски амбасадор во ЕУ, ги повика новоизбраниот претседател Џо Бајден и неговиот преоден тим да издадат наредба за смена на амбасадорите на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари, исто како што направи Трамп на денот на инаугурацијата, кога ги отпушти сите дипломати на Барак Обама.

„Пред точно четири години, добив телеграма од тимот на Трамп дека сум слободен од 20 јануари. Време е да излезе ваква телеграма: сите политички назначени амбасадори на Трамп да си заминат на 20 јануари“, напиша Гарднер на Твитер.

Трамп им нареди на сите политички амбасадори на Обама веднаш да си дадат оставка, наместо да им дозволи на некои од нив грејс период од неколку недели или месеци додека не бидат назначени и потврдени нивните заменици во Сенатот. Гарднер, чиј татко беше истакнат професор по право и поранешен амбасадор на САД во Италија, беше директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност за време на администрацијата на Бил Клинтон. Тој е во добра релација со администрацијата што доаѓа. Неговото семејно пријателство со кандидатот на Бајден за државен секретар, Ентони Блинкен датира од пред повеќе од 50 години. паг/

Остани поврзан