• среда, 15 мај 2024

Галони нова уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција

Галони нова уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција
Лондон, 13 април 2021 (МИА) - Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција.
Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.
Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во Ројтерс работеше за Волстрит журнал.
За Ројтерс моментално работат 2.450 новинари. паг/
 

Остани поврзан