Галетановски: На ракометниот натпревар присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода
- Почитувани медиуми, должен сум да ве известам што се случуваше во текот на изминатите два дена. Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни Твитер профили, а потоа веста за наводн
Скопје, 13 март 2021
Почитувани медиуми, должен сум да ве известам што се случуваше во текот на изминатите два дена. Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни Твитер профили, а потоа веста за наводно прекршување на Ковид протоколите се прошири и по медиумите, по што бев повикан да дадам изјава во полициската станица Карпош.
Како што изјавив таму, сакам и овде да кажам дека на ракометниот натпревар завчера присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на македонската ракометна федерација. Бев запишан на списокот пред салата, кој бил предаден до МВР еден ден пред натпреварот, а кога стигнав на врата, уредно бев сместен во салата според сите протоколи. Свесно и одговорно тврдам дека јас лично не прекршив ниту еден протокол и доколку обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка, повикувам да постапи според законот“
Ѓорѓи Галетановски
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.