• петок, 05 декември 2025

Галатасарај размислува за понуда за Илкај Гундоган од Манчестер Сити

Галатасарај размислува за понуда за Илкај Гундоган од Манчестер Сити

Истанбул, 13 јуни 2025 (МИА) - Галатасарај е подготвен да даде понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, а германскиот репрезентативец не би исклучил потенцијален трансфер, објави „Гол“.

Турскиот шампион се стреми да ја продолжи својата исклучително успешна сезона со додавање дополнителни квалитетни играчи во својот тим, а Гундоган би размислил за таков трансфер.

Исто така, постои интерес за Илкај Гундоган од саудиските клубови, но приоритет на 34-годишниот играч од средниот ред е да ја продолжи кариерата во Европа. дс

Фото: Архива

Остани поврзан