• недела, 22 декември 2024

Галант: Хамас има само две опции – да умре или безусловно да се предаде

Галант: Хамас има само две опции – да умре или безусловно да се предаде

Тел Авив, 1 ноември 2023 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Хамас има избор помеѓу „да умре или да се предаде безусловно“.

Газа е под опсада и напад на израелските безбедносни сили откако палестинска милитантна организација Хамас изврши ненадеен ракетен и копнен напад врз еврејската држава на 7 октомври, земајќи како заложници стотици Израелци и странски државјани.

- Непријателот има само две опции: да умре или безусловно да се предаде. Трета опција нема, рече Галант на прес-конференција во Тел-Авив. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан