• недела, 22 декември 2024

Галант: Новиот лидер на Хезболах е „привремено назначен“

Галант: Новиот лидер на Хезболах е „привремено назначен“

Ерусалим, 29 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека изборот на Наим Касем за нов лидер на Хезболах е „привремен“.

„Привремено назначување. Не за долго“, напиша тој на Икс.

„Шурата (управниот совет на Хезболах) одлучи да го избере шеикот Наим Касем за генерален секретар на Хезболах“, се вели во соопштението на шиитската исламистичка група која војува со Израел.

Поранешниот шеф на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен на 27 септември во израелски воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут за кое се верува дека е упориште на Хезболах. Неговиот наследник, Хашем Сафиедин, беше убиен во друг израелски напад на почетокот на октомври. Неговата смрт беше потврдена минатата недела од Хезболах. Убиени се и неколку други водачи на организацијата.

Седумдесет и едногодишниот Наим Касем помогна во основањето на Хезболах во 1982 година. Во 1991 година, тој стана заменик генерален секретар на движењето, една година по договорите што требаше да ги помират Либанците по граѓанската војна (1975-1990). паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан