• петок, 22 ноември 2024

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан. Оваа година настанот ќе се оддржи вечер на плоштадот во Автокоманда под мотото „Македонија живее“.

Од Општината информираат дека за настанот е подготвена богата културно – уметничка програма, како и перформанс во кој ќе учествуваат македонски актери.

-Во музичкиот дел на програмата ќе учествуваат Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Ансамблот за народни песни и ора „Јонче Христовски“, хорот „Св. Злата Мегленска“ и вокално-инструменталната група „Аманет“, велат од Општина Гази Баба. сст/мд/

Фото: Плакат 

 

 



 

 

Остани поврзан