В.д амбасадорката на САД во посета на Вишото јавно обвинителство Штип
- Вршителката на должност амбасадорка на САД Никол Варнес го посети Вишото јавно обвинителство Штип, каде што оствари средба со Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски, како и со шефовите на основните јавни обвинителства со проширена надлежност од ова апелациско подрачје.
Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - Вршителката на должност амбасадорка на САД Никол Варнес го посети Вишото јавно обвинителство Штип, каде што оствари средба со Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски, како и со шефовите на основните јавни обвинителства со проширена надлежност од ова апелациско подрачје.
Како што соопшти државното Јавно Обвинителство, при посетата, таа се информирала за општите состојби и условите во кои работат обвинителствата во овој регион, за недостигот од човечки и материјални ресурси, „како и со резултатите постигнати особено во предметите кои се однесуваат на борбата против корупцијата, трговијата со дрога и оружје“.
-Посетата ја реафирмираше соработката меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија во областа на кривичната правда, соопшти ЈОРСМ. хс/
Фото: МИА архива