В сабота се отвораат организираните плажи во Грција
- По препорака од надлежната комисија за заштита на јавното здравје, грчката Влада одлучи дополнително олабавување на мерките и отворање на организираните плажи, дел од судовите, дел од центрит

Атина, 6 мај 2021 (МИА) – По препорака од надлежната комисија за заштита на јавното здравје, грчката Влада одлучи дополнително олабавување на мерките и отворање на организираните плажи, дел од судовите, дел од центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, од сабота, 8 мај се отвораат организираните плажи, додека пак од понеделник почнуваат со работа и дел од судовите, но и центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици со физичко присуство на учениците, но само оние што се поврзани со испити или со полагањето државна матура за упис на факултет.
Дополнително, ќе бидат соопштени и протоколите и правилата за начинот на работа. ср/