• недела, 12 мај 2024

В петок автобусите во Скопје ќе сообраќаат по саботен возен ред

В петок автобусите во Скопје ќе сообраќаат по саботен возен ред
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - ЈСП „Скопје“ информира дека поради верскиот празник Задушница, в петок автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред. В петок, сабота и недела на автобуските линиите со број 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Распоредот на возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk). мд/са/

Остани поврзан