• среда, 25 декември 2024

Вучиќ: Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, Брнабиќ-мојата оставка е на маса, изборите се излез од кризата

Вучиќ: Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, Брнабиќ-мојата оставка е на маса, изборите се излез од кризата

Белград, 7 јуни 2023 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ во вечерашното обраќање до јавноста најавија како една од можностите за излез од кризата во која се наоѓа Србија и барањата на протестите дека во Србија наскоро ќе се одржат вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Премиерката Брнабиќ кажа дека „секогаш е подготвена да поднесе оставка, но кога општеството е во криза единствен начин е да разговараме, а тие не сакаат да разговараат, јас сум подготвена и сметајте дека ја имате мојата оставка на маса.“

- Верувам дека излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината, оставам на претседателот на Републиката да ја донесе одлуката, рече Брнабиќ.

Претседателот Александар Вучиќ рече дека „ќе продолжи да ги чека некои луѓе да разговараат со него“ мислејќи на неговиот повик за дијалог со барањата од протестите во Белград, иако, вели, јасно е дека се надеваат на некои други работи кои никогаш нема да се случат, дека власта ќе биде преземена на улица.

- Верувам дека сепак ќе најдеме соговорници меѓу оние кои треба да имаат поголема одговорност, ако не, ќе одиме на избори. Тоа што го кажа Ана, таа си дава оставка, како претседател имам обврска да му понудам на некој друг во следните 30 дена, ако се покаже дека не е можно некој друг да не може да формира парламентарно мнозинство, тоа значи дека после еден месец тие имаат уставни рокови од 45 до 60 дена до одржување на нови избори. Секогаш сме подготвени да дојдеме до договор, но не станува збор за нечија партиска волја, туку за дискусија на сите политички чинители, но секако не е место каде што малцинството ќе го надвладее мнозинството. Но и мнозинството ќе се обиде да биде одговорно и да разговара со малцинството, рече Вучиќ и додаде:

- Сега е јасно дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, само прашање е кој месец, посочи Вучиќ.

Тој кажа дека нема ниту едно од барањата од протестите што се однесуваат на децата.

- Ниту едно барање не се однесува на правата и положбата на нашите деца, наставници или која било општествена група освен политичарите и еден тајкун. Тоа го гледате во секое барање, вели Вучиќ.

Тој посочи дека премиерката не сака насила и под принуда да го смени министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ бидејќи смета дека нема причина.

Вучиќ истакна дека привремена влада нема да има бидејќи, како што вели, никогаш нема да донесе таква одлука. об/

Остани поврзан