• недела, 12 мај 2024

Вучиќ: Националниот стадион готов на 1 декември 2026 година, таму го сакаме финалето во Лига Европа

Вучиќ: Националниот стадион готов на 1 декември 2026 година, таму го сакаме финалето во Лига Европа

Белград, 19 ноември 2023 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на обиколката на новиот стадион „Краљевица“ во Заечар, придружуван од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го наведе рокот до кој ќе биде завршен новиот национален стадион во Сурчин-Белград, јави дописникот на МИА.

Претседателот на Србија одговорајќи на прашањето кога може Србија да очекува големо натпреварување на кое организатор ќе биде земјата изјави дека за тоа е потребна подобра инфраструктура и завршен национален стадион.

- Испративме писмо финалето на Лига Европа да се игра кога ќе го изградиме Националниот стадион, кој ќе биде готов до 1 декември 2026 година. Ни треба подобра инфраструктура за натпревари и повеќе стадиони. Далеку сме од Шпанија, Англија, Германија, рече Вучиќ.

Тој додаде дека по отворањето на стадионите во Заечар и Лозница ќе се реконструираат стадионите во Ниш и Крагуевац, а белградските стадиони на Партизан и на Црвена звезда „мора да се помодерни“, затоа останува и тие да се реконструираат.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин додаде дека Србија се уште е далеку од организација на големи натпреварувања.

- Ако имате подобра инфраструктура, се е можно, засега е тешко, рече Чеферин. об/паг/

Фото: МИнистерство за финансии на Србија

Остани поврзан