Вучиќ: Генералното собрание на ОН е можност да се слушне гласот на Западен Балкан
- Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.

Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) - Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.
„Ова е исклучителна можност подобро и погласно да го слушнеме гласот на сите нас од Западен Балкан“, коментираше денеска Вучиќ на своите профили на Инстаграм и Фејсбук.
Тој е во Њујорк за да учествува на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.
Вучиќ истакна дека разменил мислења за најважните прашања и можните решенија за некои од погорливите проблеми. паг/
Фото: ЕПА