• петок, 17 мај 2024

Вуков освои бодови во двете трки на Имола

Вуков освои бодови во двете трки на Имола

Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Автомобилистот Ристо Вуков ја започна третата сезона на настапи во Порше Карера Куп Италија и со нови четири бода се наоѓа на 13 место на табелата.

Како што информира медиа-тимот на Вуков, тренинзите и квалификациите се возле во дождливи услови, но, потоа времето се стабилизирало и двете трки во сабота и недела возеле „на суво“.

- Рико на квалификациите се најде на 22 место од 36 возачи, бидејќи презема ризик да излезе со гуми за суво порано од конкуренцијата, а потоа мораше во бокс по нов сет за финалните моменти од квалификациите, стои во соопштението.

Првата трка Вуков ја финишираше на 15 место, додека, во втората на крајот по неколку промени заврши на 13 место.

Порше Карера Куп Италија продолжува со гран-при викендот во Римини, каде што на патеката Мизано, која е позната како домаќин на трките од Мото ГП, ќе се возат следните две трки на 4 и 5 јуни. ар/са/

Остани поврзан