• четврток, 26 март 2026

Втор триумф против БиХ на македонските фудбалери до 19 години

Втор триумф против БиХ на македонските фудбалери до 19 години

Струмица, 6.септември 2025 (МИА) – Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар. Денеска во Струмица резултатот беше 2:1.

Водство за македонскиот национален тим во 30.минута донесе Стефан Младеновски откако беше прецизен изведувач на пеналот. Предноста беше актуелна само три минути откако Армин Спахиќ донесе изедначување. На почетокот на вториот дел по грешката на гостите Игор Ристов донесе ново водство за македонскиот тим што потоа беше и конечен резултат.

Во првиот натпревар меѓу овие две селекции пред два дена, македонските млади фудбалери победија со во Радовиш. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан