• петок, 22 ноември 2024

Втор том од „Големата црвена книга“ на Руми објави ТРИ

Втор том од „Големата црвена книга“ на Руми објави ТРИ
Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) - Втор том од „Големата црвена книга“ на суфистот и поет Руми, во препев на проф. д-р Драги Михајловски, објави Издавачки центар ТРИ, кој соопшти дека препевот со моќни пораки е збогатен со значајни информации од македонското поднебје. - Препевот ги задржува како скапоцен рубин карактеристиките на духовноста, певот и длабочината со која се откриваат дури и најтаинствените димензии во одите.  Читајќи ги, можеме да ја препознаеме и да ја почувствуваме моќта на оваа голема, раскошна поезија која е актуелна и по осум века од нејзиното создавање. Руми е зачуван во приказните и неговиот живот е раскажан преку шармантните хагиографии дадени на почетокот на секое поглавје, а неговата умешност е единствена во светската книжевност. Визионерска, со филозофски, некогаш хумористични, а пред сѐ, со човечки постулати. Во неа се расправа за делови од Куранот и Библијата, за многу народни приказни и шеги, за универзалните вредности и вистини, наведува издавачот на книгата. хс/са/  

Остани поврзан