• петок, 20 декември 2024

Втори меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти, разменети искуства меѓу пациентите

Втори меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти, разменети искуства меѓу пациентите
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска беше домаќин на вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во државата. Како што изјави претседателот на Нефрон Душко Ѓеоргиев, средбите имаат едукативен, стручен и има забавен дел. Целта е размена на искуства, продлабочување на соработки и воспоставување на добри практики меѓу  пациентите на дијализа, трансплантираните, дарителите на органи но и медицинските професионалци и институциите. Присуствуваа претставници на организации на пациенти на дијализа и трансплантирани од мрежата „SEEN Transplant“ од Југоисточна Европа - Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Б и Х.
-Имавме еден период од две години поради пандемијата, истите беа одложувани и првата прилика кога тоа здравствената состојба го дозволи еве сме домаќини. Значи, имаме гости од целиот регион – Бугарија, Србија, Словенија, Црна Гора, претседателот на мрежата на ЈИЕ е исто така наш гостин. Имаме гости од сите дијализни центри во Македонија, дијализирани и трансплантирани, стручни луѓе во делот, сите оние што се поврзани во делот на дијализата и трансплантацијата, додаде Ѓеоргиев.
Тој напомена дека на денешниот настан присутен беше и амбасадорот на Бугарија затоа што, како што рече, бугарската Амбасада го поддржа проектот што го работат во врска со трансплантацијата на пациенти и водење на кампањата за што поголем број на пациенти да бидат трансплантирани.
Ѓеоргиев најави дека утре е спортскиот дел каде што во границите на своите можности пациентите на дијализа и трансплантираните пациенти ќе се натпреваруваат, а воедно ќе има и заедничко дружење низ Скопје и низ околината. Последниот дел од вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти е на 26 јуни.бт/са/

Остани поврзан