• сабота, 23 ноември 2024

Втора сесија на „Филмска училница“ во Кинотека: Филмот како наставно средство

Втора сесија на „Филмска училница“ во Кинотека: Филмот како наставно средство
Скопје, 7 ноември 2021 (МИА) - Во Кинотека се одржа втората сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“. Едукативниот проект е поддржан од Министерството за култура, а вклучува десетина средношколци кои низ различни едукативни содржини и интерактивно-креативно учење во период од десет недели се запознаваат со националното аудио-визуелно културно наследство. Како што соопшти Кинотека, учесниците под менторство на филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, да анализираат филмски дела и да ги запознаат основите на филмската историја и на филмскиот јазик. Низ сесиите на „Филмска училница“ имаат можност да креираат кратки филмски етиди, кои потоа заеднички ги анализираат. Во рамки на „Филмската училница“ годинава беше инициран и нов проект „Филмска училница за наставници и професори“. Првиот дел од втората сесија им беше посветен на дваесеттина учесници, наставници од основните училишта во Скопје. „Филмска училница за наставници и професори“ ја водеше проф. д-р Розалина Попова Коскарова, професорка од Педагошки факултет  и авторка на научниот труд „Застапеноста и значењето на филмот во образованието“. Нејзиното истражување ја иницираше идејата за „Филмска училница за наставници и професори“. Професорката Попова Коскарова презентираше дел од нејзиното истражување за филмот во образованието, a на учесниците во работилницата „Значење и примена на филмот во наставата“, во рамки на оваа унукатна филмска училница им додели сертификати. Професорката Попова Коскаров потсети дека филмот како медиум е застапен во наставните програми уште од шеесеттите години на минатиот век. Таа говореше за користењето на филмовите и филмските материјали како наставно средство во изучувањето на литературата и историјата, меѓу останатите предмети, охрабрувајќи ги наставниците да ги користат екранизираните форми на литературните дела и историските настани во едукативните процеси. Вториот дел од оваа сесија на „Филмска училница“ продолжи со прикажувањето и анализирањето на домашните задачи на учесниците од минатата сесија: тие снимаа видео материјал во еден кадар, со мобилен телефон, и во него опсервираат некој предмет или дејствие кои им го привлекле вниманието. Учесниците потоа гледаа и анализираа три македонски краткометражни документарни филмови од шеесеттите години на минатиот век. Во реализацијата на „Филмската училиница“ учествуваат и Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Бојан Станишиќ, Александар Трајковски, Дамјана Ивановска, Стојан Синадинов, Игор Старделов, Петар Волнаровски, Тихомир Кашмицоски, Игор Богоевски…мд/мч/

Остани поврзан