• недела, 22 декември 2024

Втора седница на Советот за имплементација на Проектот за администрирање на социјалното осигурување – СИАП

Втора седница на Советот за имплементација на Проектот за администрирање на социјалното осигурување – СИАП

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски ја водеше втората седница на Советот за следење на имплементацијата на Проектот за администрирање на социјалното осигурување – СИАП.

Велковски, како што информира Министерството за социјална политика, демографија и млади, се осврна на СИАП проектот за чие имплементирање и координирање надлежно е ресорното министерство, како и на Советот за следење на неговата имплементација и на улогата на Советот. 

- Според активностите на проектот, може да се заклучи дека станува збор за прилично комплексен и обемен проект од аспект што неговата реализација ги вклучува речиси сите институции на задолжителното социјално осигурување, па и повеќе.  Поради тоа, формиран е Совет кој има за задача да го следи спроведувањето на активностите во рамки на институциите надлежни за имплементација на СИАП проектот и роковите за нивно спроведување и да носи заклучоци за прашања поврзани со спроведувањето на активностите од Проектот, рече Велковски.

Основна цел на Проектот, како што се наведува, е подобрување на квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и унапредување на законската рамка која ги уредува прашањата кои се однесуваат на вработувањето и работното оспособување на лицата со попреченост и ревидирањето на листата на работните места со стаж на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж).

На денешната седница на Советот разгледана е Информацијата за активностите во СИАП проектот и нивниот тековен статус на имплементација, а фокусот бил ставен на воспоставувањето на единствениот регистар на задолжително социјално осигурување. мд/са/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

 

Остани поврзан