• четврток, 19 декември 2024

Втора победа за македонските одбојкари во Европската сребрена лига

Втора победа за македонските одбојкари во Европската сребрена лига
Струмица, 22 мај 2021 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа во вториот настап на првиот турнир од групата „А“ во Европската сребрена лига. Вечерва во Струмица „црвено-жолтите“ го совладаа Израел со 3:1, по сетови 21:25, 25:22, 25:23 и 31:29 за максимален ефект по првите две кола. Вообичаено најдобар играч во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓоргиев со 22 поена, Ристо Николов одигра добар натпревар со 16 освоени поени. Утре македонските одбојкари кои водат во А групата со 6 бода, за противник ќе ја имаат данската селекција која е втора со 5 бода. Израел има 1, додека Кипар е последен без освоен бод. зс/

Остани поврзан