• вторник, 02 јули 2024

Времен сообраќај на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало

Времен сообраќај на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало

Скопје, 2 март 2023 (МИА) -  На улица „Орце Николов“ во Дебар Маало денеска од 08.00 до 15.00 ќе има времен режим на сообраќајот поради санирање на кружниот тек, информираат од Општина Центар.

Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски“ до улица „Ленинова“ во една насока.

Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот режим на сообраќај. дма/лв/

Фото:Општина Центар

Остани поврзан