• сабота, 29 јуни 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  19 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 25 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

Остани поврзан