• понеделник, 23 декември 2024

Врвна лекарка се самоуби по повеќенеделено лекување пациенти во Њујорк

Врвна лекарка се самоуби по повеќенеделено лекување пациенти во Њујорк
Вашингтон, 28 април 2020 (МИА) - Лекарка од Менхетн изврши самоубиство по неколку седмици минати на првите борбени линии во борбата против коронавирусот, објави синоќа „Њујорк тајмс“. Д-р Лорна Брин, раководителка во приемното одделение за итна помош во њујоршка болница, е една од неколкумина здравствени работници кои посегнаа по своите животи, не можејќи да се справат со ужасните последици од вирусот во Њујорк. - Таа само си ја вршеше работа и тоа ја уби, изјави за весникот д-р Филип Брин, татко на Лорна и директор во истата болница. Претходно, Џон Мондело (22), нововработен медицински техничар во приемно одделение на болница во Бронкс, исто така, си го одзеде животот, одговарајќи речиси три месеци на итни повици 911 за транспорт и прием на пациенти. Мондело, кој бил ангажиран како дипломец од Противпожарната академија каде што дипломирал во февруари, си го одзел животот со пиштолот на неговиот татко, инаку пензиониран полицаец. Д-р Брин (49), пак, била испратена дома откако се разболела од вирусот. Таа закрепнала и по две недели се вратила на работните задолженија, но од болницата повторно ја испратиле дома. Деновиве таа престојувала во семејниот дом во Шарлоствил, Вирџинија, каде што и посегнала по својот живот. Психијатрите укажуваат дека здравствените работници се под најголем удар од посттрауматско стресно нарушување во време на пандемијата. По нив, велат тие, се роднините на жртвите од Ковид-19. Според стручните лица, во некои случаи луѓето не можат да го издржат напливот од смртно болни пациенти во болниците. Во разговор со познаник, Мондело укажал дека „тие едноставно умираа и јас ништо не можев да сторам“.  кб/си/

Остани поврзан