• петок, 05 декември 2025

Врачени уверенијата за мандатите на новиот градоначалникот и советниците во Чешиново – Облешево

Врачени уверенијата за мандатите на новиот градоначалникот и советниците во Чешиново – Облешево

Облешево,10 ноември 2025 (МИА) - Општинската изборна комисија на Чешиново - Облешево денеска во општинските простории ги додели уверенијата на новиот градоначалник и на новиот состав на Општинскиот совет.

За нов градоначалник на Општината Чешиново – Облешево во вториот круг од Локалните избори на 2 ноември е избран Јорданчо Костадинов.

Општинската изборна комисија упати честитки до новоизбраните, порачувајќи им да работат во насока на развој и просперитет на Општината.

Веднаш потоа се изврши официјалното примопредавање на градоначалничката функција. Досегашниот градоначалник  Далибор Ангелов му посака успех во работата на новиот вршител на таа должност во наредниот период од четири години, Јорданчо Костадинов. ис/дма/

фото: МИА

Остани поврзан