• понеделник, 10 март 2025

Вработените во ДПИ денеска ја очекуваат платата за февруари, јануарската им е веќе исплатена

Вработените во ДПИ денеска ја очекуваат платата за февруари, јануарската им е веќе исплатена

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Вработените во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) денеска ја очекуваат платата за февруари, а јануарската им е веќе исплатена.

Како што информира директорот на ДПИ Влатко Стојкоски, решен е проблемот и со пријавувањето/одјавувањето на вработените.

Tetë subjekte juridike, përfshirë tre markete, një barnatore dhe tre importues të mëdhenj të pemëve dhe perimeve, janë mbyllur për 15 ditë për shkak të mos respektimit të masave të marzhit të

- До пред неколку дена точно беше дека немавме земено плата за два месеца, но сега веќе не е. За јануари земавме во вторникот или средата, а денеска ја очекуваме платата за февруари. Ова се должеше на трансформацијата и главно се работи за внатрешни активности. Сега во моментов е се во ред. Одјава и пријава на вработени е завршено и немаме никакви проблем, истакна Стојкоски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

Пред неколку дена за доцнењето на платите во ДПИ реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Соопшти дека ќе провери што се случува и доколку се утврди дека вработените не земале плата еден или два месеца, ќе поднесе соодветни пријави. мч/лв/

фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан