• петок, 22 ноември 2024

Во јуни минимално намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Во јуни минимално намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во јуни годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво и пониски за 43 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени на моторните бензини во јуни се повисоки за 4 отсто на месечно ниво, а пониски за 40,6 отсто на годишно ниво. Дизел горивата, пак, се поевтини за 0,1 отсто на месечно и за 46,1 отсто на годишно ниво, додека ТНГ горивото е поевтино за 9,2 отсто на месечно и за 30,4 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во калкулациите при склучувањето на градежните договори.вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан