• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип се градат конзолите на река Отиња

Во Штип се градат конзолите на река Отиња
Штип, 29 октомври 2021 (МИА) - Интензивно се градат конзолите на реката Отиња, со кои ќе се овозможи двонасочен сообраќај на улицата од мостотот кај црквата „Свети Никола“ до мостот кај гимназијата „Славчо Стојмениски“. Со овој проект се очекува да се реши сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид во градежните работи на конзолите и на улицата „Личка“, истакна дека на проектите ќе се работи со засилена динамика. - Проектот конзоли на река Отиња ќе овозможи полесна циркулација на возила, но исто така и разубавување на централното градско подрачје. Проектот е осум милиони денари, ова е првата фаза и временската рамка е два месеца, се надевам дека до крајот на годината граѓаните на Општина Штип ќе можат да ги користат конзолите, но исто така и полесно да функционираат, вели Јорданов. На улицата „Личка“ повторно ќе се поставуваат приклучоците за 45 семејства, бидејќи градежната фирма не ги завршила работите согласно предвидените кретириуми, а надзорниот орган не сака да потпише, токму поради ова и не може да се пристапи кон нејзино асфалтирање. - Она што можев да го добијам како информација од страна на надзорот, но и од ЈП „Исар“ најверојатно популистички предизборно се брзало да се постави водоводната мрежа, на несоодветна длабочина. Надзорот не дозволува асфалтирање во оваа фаза, затоа што постои ризик од пукање на водоводната мрежа при асфалтирање, заради непочитување на стандардите, коишто се предвидени со проектот, изјави Јорданов. Тој апелира граѓаните од улицата „Личка“ да бидат трпеливи, заради дополнителните градежни работи, а се надева дека за еден месец оваа улица и ќе биде асфалтирана. Штетата од направената грешка на градежната фирма дополнително ќе се утврдува. вдј/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан