Во Штип почна Саемот на мед
- Почна есенскиот Саем на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип. Годинава на десетина поставени штандови се нудеше придоден мед, но и други пчелни производи. Организаторите велат дека интересот од страна на пчеларите за учество на Саемот на медот е значително зголемен, споредбено со претходните години, бидејќи има учесници од повеќе градови од источниот регион.
Штип, 9 октомври 2025 (МИА) - Почна есенскиот Саем на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип. Годинава на десетина поставени штандови се нудеше придоден мед, но и други пчелни производи. Организаторите велат дека интересот од страна на пчеларите за учество на Саемот на медот е значително зголемен, споредбено со претходните години, бидејќи има учесници од повеќе градови од источниот регион.
Пчеларот, Вано Кировски нагласи дека медот е природен и здрав лек, кој би требало постојано да се употребува и да биде дел од исхраната, а како што вели, со неговото користење во исхраната се намалува опасноста од болести.
-Ова е традиција на квалитетна и здрава понуда на квалитетен мед и пчелни производи, и убаво е граѓаните од прва рака да купуваат мед. Знаете која е разлкиката од мед и останатите производи кои се на база на благи супстнци, медот има живи ензими. Тие живи ензими го внесуваат кислородот до најситните клетки во човековиот организам и затоа луѓето што јадат мед се појаки и подобро се справуваат со сите болести и имаат подобар имунитет и подобар метаболизам, изјави Кировски.
Eсенскиот Саем на мед започна денеска и ќе трае во наредните два дена. вдј/вј/
Фото: МИА