Во Штип одбележани 79 години од бомбардирањето
- Во Штип денеска се одбележа 79- годишнината од бомбардирањето на градот во Втората светска војна, од страна на фашистичкиот окупатор.

Штип, 6 април 2020 (МИА) - Во Штип денеска се одбележа 79- годишнината од бомбардирањето на градот во Втората светска војна, од страна на фашистичкиот окупатор.
Поради вонредната состојба и ситуацијата со вирусот Ковид 19, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски придружуван од двајца членови на Сојузот на борци во Штип, положија цвеќе пред споменикот кај Народниот театар.
-Пред 79 години градот бил нападнат од фашистичкиот окупатор, од германските борбени авиони кои го уништиле градот и имало многу човечки жртви. Изразуваме почит кон оние кои ги дале своите животи во минатото, со една единствена цел, да имаме слободна, независна и суверена држава, тоа што го денеска имаме, вели Бочварски.
Тој истакна дека по 79 години од бомбардирањето на Штип, денес нашата земја е членка на НАТО алијансата, најсилниот гарант за стабилноста и безбедноста на државата. вдј/ир