• петок, 05 декември 2025

Во Штип доделени признанија на најдобрите наставници и професори

Во Штип доделени признанија на најдобрите наставници и професори

Штип, 6 октомври 2025 (МИА) – Општина Штип денеска со свечена академија го одбележа Денот на учителот - 5 Октомври. Снежана Санева раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР истакна дека настанот е традиционален и има за цел да се покаже значењето и вредноста на наставникот во самото општество. Признанија добија најдобрите наставници и професори во штипските основни и средни училишта.

-Сакаме да одадеме признание и почит на сите наставници, кои во воспитно-образовниот процес работат одговорно, посветено и креираат нови, млади, идни генерации. Со својата работа наставниците преставуваат мотивација на учениците, но и инспирација за нивна понатамошна работа, за нивниот живот да го креираат и да креираат една своја иднина во нашата држава. Се надеваме дека во иднина образованието ќе добие уште поголем акцент во нашата заедница, бидејќи значењето за образованието во една држава е навистина огромно, изјави Санева.

Ванѓе Манева е одделенски наставник во ООУ „Тошо Арсов“- Штип. Таа го доби признаниеот наставник на годината. Манева вели задоволството за неа е големо, но огромни се и предизвиците со кои се соочуваат наставниците секојдневно.

-Предизвиците на наставникот се многубројни, секој ден имаме нови предизвици, секој час, секоја учебна година предизвиците се различни. Мојот најголем предизвик како учител преставува од секоја генерација да успеам да изградам зрели личности на нашето општество, рече Манева. вдј/вг/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан