• петок, 26 април 2024

Во Чашка поставена нова урбана опрема

Во Чашка поставена нова урбана опрема

Велес, 11 април 2024 (МИА) - Општина Чашка постави  нови клупи и канти за отпадоци на повеќе локации во населба Чашка изработени од масивни бетонски елементи.

Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, целта на поставување бетонски елементи  е нивната  поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување.

Воедно, тој најави дека во наредниот период  со овој тренд ќе продолжат и на други локации низ повеќе населени места во Општина Чашка.

-Покрај тоа, верувам дека единствено со заеднички заложби можеме целосно да го заштитиме нашиот заеднички имот. Апелирам до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој, бидејќи тој е наменет за сите нас, порача Стојановски. ад/дма/

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан