Во Црна Гора притворени двајца свештениците на СПЦ поради непочитување на здравствените мерки
- Црногорското обвинителство нареди 72-часовен притвор за двајца свештеници на Српска православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало пове
Подгорица, 15 јуни 2020 (МИА) - Црногорското обвинителство нареди 72-часовен притвор за двајца свештеници на Српска православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало повеќе од 200 граѓани, колку е максималниот број на луѓе дозволено да се соберат на едно место.
Свештениците Мирчета Шљивичанин и Жељко Ќалиќ се товарат за кривично дело неисполнување здравствени регулативи за сузбивање на заразна болест.
- Притвор е наложен поради опасност дека можат да го повторат злосторството, изјави адвокатот Божо Милоњиќ.
Додека свештениците беа сослушувани, неколку десетици граѓани протестираа пред Основниот суд во Подгорица.
Апсењето на свештеникот на СПЦ го коментираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што пренесуваат црногорските медиуми, истакна дека станува збор за важно прашање и „дека се надева дека ќе преовлада разумот“. ми/