• сабота, 23 ноември 2024

Во Франција стапува во сила ковид-пропусницата

Во Франција стапува во сила ковид-пропусницата
Париз, 9 август 2021 (МИА) - Во Франција од денеска за секојдневните активности, како што се одење на кафе или возење со воз, ќе им бидат дозволени само на оние кои покажат потврда дека се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест. Построги правила, вклучително и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници до 15 септември, ќе бидат во сила до средината на ноември и ќе важат за сите возрасни лица. Тинејџерите на возраст од 12 до 17 години ќе треба да имаат таков сертификат до 30 септември. Ресторани, меѓуградски автобуси, авиони, саеми и здравствени институции се само некои од местата каде што ќе треба да се покаже дигитална здравствена карта, која веќе е потребна од средината на јули за посета на кино, музеј или поголем настан. Францускиот министер за здравство, Оливие Веран вчера за „Ле Паризиен“ изјави дека некои правила нема да бидат толку строги како што е планирано, како што е валидноста на негативен тест ќе важи до 72 часа, наместо 48. Самотестирањето исто така ќе биде можно, доколку се изведува под медицински надзор. Поради мерките за време на викендот протестираа повеќе од 200.000 луѓе. Масовни протести се одржуваат секој викенд откако претседателот Емануел Макрон објави промени во средината на јули за да го спречи растот на инфекциите со коронавирусот. Од 67 милиони луѓе во Франција, околу 63 проценти примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19. Повеќе од половина од нив се целосно вакцинирани. ми/

Остани поврзан