• понеделник, 23 декември 2024

Во типските куќи кај штипска Света Недела ќе се вдомат 47 семејства

Во типските куќи кај штипска Света Недела ќе се вдомат 47 семејства

Штип, 11 јануари 2023 (МИА) – Урбанистите во Општина Штип ја реализираат документацијата за изградба на типските куќи во реонот на Света Недела, кон патот за село Шашаварлија, со што покрив над глава ќе добијат над 250 лица.

Лазар Хаџи-Николов, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Штип, вели дека реализацијата на документацијата се очекува кон средината на наредниот месец, а во типските куќи, за чија изградба се обзебедени европски пари, ќе се сместат 44 семејства од старото Нервно одделение и три семејства од населбата Света Недела.

-Во овој момент од страна на општината се води постапка за донесувањ урбанистички проект со кој ќе се предвиде намена на земјиште домување А1 и во иднина оваа документација се донесува со цел реализиација на проект за дислокација, односно предвидување на типски куќи за домување на ромски семејства. Оваа постапка би требало да биде завршена кон средината на февруари, рече Хаџи Николов.

Во проектот за кои се обезбедни средства од ЕУ фондовите вклучени се општините Штип и Берово. Откако ќе се реализира документација ќе се распише тендер за изградба на типските куќи во Штип. вдјхс/

Остани поврзан