Во Тетово ќе биде поставена првата повратна вендинг машина
- Првата повратна вендинг машина на Пакомак во Тетово ќе биде поставена денеска во 13:30 часот во Веро.
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Првата повратна вендинг машина на Пакомак во Тетово ќе биде поставена денеска во 13:30 часот во Веро.
Станува збор за седма вендинг машина во земјава, а четврта која е поставена во ланецот на Веро.
Покрај претставниците на Пакомак, на настанот ќе бидат присутни и министерот за животна средина, Насер Нуредини, како и претставници на Општина Тетово.
Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, особено во урбаните средини. ар/сст/