• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово се спроведе акцијата за расчистување отпадоци „Генералка викенд“

Во Тетово се спроведе акцијата за расчистување отпадоци „Генералка викенд“
Тетово, 7 мај 2022 (МИА) - Општина Тетово денеска беше дел од големата акција за чистење на отпадоци „Генералка викенд“. Меѓу учесниците во акцијата за подигање на фрлените отпадоци беше градоначалникот Биљал Касами и општинската администрација. Касами истакна дека акцијата ја започна од неговото маало - Горна чаршија. - Чистењето на градот започнува од нашиот двор. Се вклучивме заедно со 26 општини во делот на оваа акција за која се тежнее да сите општини бидат дел од чистење на јавни површина. Учествуваат сите вработени во ЈКП, ученици и наставници од средни училишта и администрација, како и приватни бизниси, за што сум им на сите многу благодарен. Освестувањето за чиста и здрава средина е долготраен и макотрпен процес. Една од целите е да се чистат јавните површини и другата е една повисока цел кон која треба да се стремиме да живееме во почисти јавни средини затоа што е дел од нашето здравје, изјави Касами. Акцијата започна во 10 часот, а беа опфатени десетина локации низ градот како Жена паркот, улица „Индустриска“, околу Средното медицинско училиште, населбата Тетовчанка и месноста Бањиче. ас/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан