• сабота, 09 ноември 2024

Во Тетово изведена комедијата „Вај-фај“

Во Тетово изведена комедијата „Вај-фај“

Тетово, 10 мај 2023 (МИА) - Aктерите од Драмското студио Тетово вчера ја изведоа комедијата „Вај-фај“. Ликовите на Петре и Натка, шофер и домаќинка, ги толкуваа Наташа Петровска и Лазар Саровски, а ликовите на Санко и Јана, инженер и професорка, ги играа Драгана Радованов и Глигорије Стојановски. 

фото Драмско студио 

- Претставите се прават за публиката, а полна беше салата, задоволни сме од одзивот, од тоа како се однесуваше публиката за време на претставата. Се соживеа со ликовите кои ги толкуваа нашите актери и во најубаво сеќавање ќе им остана на нашите сограѓани и публика од други места. Ова беше комедија со тажни елементи, поради она што повеќето од нас што не засега децата што ни заминуваат во странство, остануваат тука старите луѓе и комуницираат со младите со „вај-фај“ со современата технологија. Можеби тоа го ублажува оној момент, затоа што отсекогаш постоело печалбарството кај Македонците, меѓутоа чекале со месеци да добијат абер што се случува со нивните и сега е можеби олеснителна околност е современата технологија. Меѓутоа тешко на тие родители што се децата не им се тука, изјави режисерот Мирко Видоески.

Глигорије Стојановски посочи дека како актери имаат привилегија што играат пред една ваква публика.

фото Драмско студио 

- Верувам дека вечерва се изненадија пријатно од изведбата на претставата „Вај-фај“. Внесовме малку и наши лични приказни и мислам дека уште повеќе допревме до нивниот вкус. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да работиме вакви претстави. Текстот и во иднина ќе биде актуелен, рече Стојановски.

Ова беше втора премиера на Драмско студио Тетово. Првата претстава монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ која беше изведена во март, ќе се постави и во Скопје, на први јуни во Драмски театар.ас/бт/

Остани поврзан